Нов милионски тендер за семејната фирма на Крсто Мукоски

Фирмата во која како сопственик формално фигурира братот на поранешниот пратеник Крсто Мукоски неодамна добила милионски тендер од државна институција, пренесува „Експрес“.

Според изворите на порталот од државните институции, кои инсистираат на анонимност, се работи за тендер кој е склучен во текот на летото и за кој имало многу заинтересирани фирми, но сепак на крајот го добила фирмата „Атриум“ од Вевчани.