Светската здравствена организација (СЗО – WHO) објави во саботата дека во последното деноноќие регистрирани се рекорден број заразени со коронавирусот во светот од почетокот на пандемијата, со севкупно 212.326 нови случаи.
Претходниот рекорден број заразени во 24 часа беше забележан на 28-ми јуни, кога коронаинфекцијата беше потврдена кај 189.077 лица во светот.
Повторно најмногу новозаразени има во САД, во Бразил и во Индија, се наведува во соопштението на СЗО.
Бројот на смртните случаи, пак, на дневно ниво е стабилен и изнесува околу пет илјади смртни исходи од Covid-19, односно 5.134 во последните 24 часа. Со тоа бројот на починатите е веќе над 523.000 луѓе.
Според СЗО вкупниот број заразени со вирусот SARS-CoV-2 во светот во моментов изнесува 10.922.324 лица, до пладнето во саботата по средноевропско време. Додека според агенцијата Reuters, оваа бројка веќе надминала 11 милиони, а во последните седум месици починале повеќе од половина милион луѓе.
Статистиката на СЗО ги зема предвид сам оофицијално потврдените случаи за инфекција и смртен исход кои ги презентираат државите. Така во петокот беа објавени 175.723 сличаи на зараза и 5.032 летални исходи.
Регионот на Северна и Јужна Америка е на првото место според бројот на заразите 5.575.482 случаи, а во текот на последното деноноќие оваа бројка се зголемила за уште 129.772 новозаразени. Бројот на починатите во регионот се зголемил за 3.392 лица и во моменов достигна 259.094 луѓе.
Во Европа има 2.757.556 заразени и 199.510 починати. Во последните 24 часа бројот на заразените на Стариот континент се зголемил за 19.694, а бројот на починатите за 565.
Третото место според бројот на случаите на зараза го зазема Источно-Средоземноморскиот регион. Бројот на коронаинфицираните таму достигнал 1.135.604 лица, од кои починале 26.521 луѓе. Во последното деноноќие тами се регистрирани 20.043 заразен и 493 починати.
Најмногу потврдени случаи на зараза со коронавирусот има во САД. 2.724.433. Следи Бразил со 1.496.858 зарзени, Русија со 674.515, Индија со 648.315, Перу со 292.004, Чиле со 288.089, Велика Британија со 284.280, Шпанија со 250.545, Италија со 241.184 и Мексико со 238 511 заразени.
СЗО, исто така, во саботата објави дека ги запира испитувањата на антималирикот хидраксихлорокин во комбинација со леото за ХИВ лопинавир/ритонавир кај хоспитализираните пациенти со Covid-19, откако е потврдено дека нивната примена не ја намалила смртноста.
„Овие привремени испитувања покажуваат дека хидраксихлорокинот и лопинавир/ритонавирот прдизвикуваат слаба или никаква редукција на морталитетот кај хоспитализираните пациент со Covid-19, во споредба со стандардниот третман“, се истакнува во соопштението на СЗО.
Оваа агенција за јавно здравје на Обединетите нации истакнува дека одлуката, донесена по препорака на меѓународниот управен одбор за ова истражување, не влијае врз другите студии во кои лекото се кориски кај пациенти кои не се хоспитализирани или поради превенција од заразата.
СЗО, исто така, го истражува и можниот ефект на антивирусниот лек „ремдисивир“ на американскиот фармацевтски производител „Gilead“.