Евреин од францускиот град Стразбург бил нападнат со нож од страна на напаѓач кој извикувал „Алах Акбер“.
62 годишната жртва е именувана само како господин Леви, а бил нападнат во близина на синагога и веднаш бил пренесен во болница.
Во текот на нападот, носел облека типична за неговата религија, а сторителот е уапсен на лице место.
После нападот, повредениот маж побарал помош во блискиот бар, а гостите во барот повикале итна помош.
Мендел Самама, рабин од Стразбург, изјави дека разговарал со Леви во болница и додаде дека неговата состојба е стабилна.