Маскирани вооружени напаѓачи денеска со автоматско оружје отворија оган врз полицајци во францускиот град Марсе, пренесува МИА.
Попладне во тој град се очекува да допатува премиерот на државата Мануел Валс.
Во северното предградие каде беше инцидентот испратени се единици на интервентната полиција. Пукано е во квартот Кастелан, дел од градот каде често се извршувани полициски акции за спречување шверц на дрога. Француски медиуми јавуваат дека е пукано и врз началникот на полицијата во градот Пјер Мари Бурникел.