Нов оглас за продажба на акции на ФК Пелистер

Објавен нов јавен повик за продажба на акциите на ФК Пелистер.

Ќе се продаваат 250 обични акции по цена од 6150 денари. Понудениот износ за тековно одржување на ФК Пелистер ќе биде 500.000 евра во денарска противредност, со временски период од минимум шест години. Продажбата на акциите ќе се врши по пат на јавно наддавање со поднесување на затворени понуди. Право на учество имаат сите домашни и странски физички и правни лица, кои оствариле дивиденда или нето приходи за физички лица најмалку во висина на една половина од определениот минимален износ за финансирање.

Краен рок за доставување на понудите е 9 Јули до 13 часот по локално време, а јавното отворање на понудите е истиот ден во 14 часот во зградата на општина Битола.