Свечено беше пуштено во употреба новоизграденото детско катче во третата урбана заедница во Радовиш. За половина мандат и ветени десет детски катчиња Градоначалникот Николов успеа и ги реализира сите, а со денешното свечено пуштање во употреба на десеттото катче се заокружува дел од проектот „Детско катче во секое населено место“.
На локацијата од околу 400 метри квадратни поставени се различни детски реквизити и урбана опрема (коњчиња, лизгалка тобоган, лулашки и клацкалки). Просторот е оплеменет со фонтана и осветлен по најсовремени стандарди, инаку посебно внимание е посветено на хортикултурното уредување односно засадени се посебни видови на јавор (црвен и протокалов). Детското игралиште е оградено со потпорни и оградни ѕидови. Овој простор за жителите од овој дел од градот ќе биде посебно место за игра на децата и одмор и релаксација за повозрасните. Проектот е целосно финансиран од буџетот на општина Радовиш.
Општината Радовиш продолжува со изградба на детски катчиња, надвор од ветените во програмата на градоначалникот Сашко Николов.
Во текот на оваа година вакви катчиња ќе бидат и изградени и пуштени во употреба во населените места (Раклиш, Ињево, Воиславци, Калуѓерица, Подареш, Злеово, Ораовица и Сулдурци) со што целосно ќе се реализира проектот „Детско катче во секое населено место“.