Жителите на Драчево добија нов простор за одмор, дружење и рекреација. Возобновен и освежен со нови содржини е паркот во Драчево, лоциран на местото каде бeа отстранети времени објекти. На површина од околу 700 квадратни метри реконструирано е детското катче, пставени се нови реквизити и изграден терен за мал фудбал и за кошарка. Градоначалникот Ѓорѓиевски денес ја посети и оваа локација, каде е изграден и сквер со урбана према, клупи и чешма, а во непосредна близина изграден е и нов паркинг за околу 30 возила. Просторот е надополнет со парковско зеленило.
-Продолжуваме со реализација на крупни проекти за кои сме имале повеќе барања од нашите жители. Денес го ставаме во фукција возобновениот парк кој е опремен со многу нови содржини и подотвен да биде место каде граѓаните од повеќе генерации ќе го поминуваат своето слободно време. На 700 квадратни метри нуди простор за одмор и дружба, а спортските терени верувам дека ќе бидат доста привлечни за помладите. Секако, просторот го дополнивме со многу зеленило, а излеговме во пресрет и на барањето за дополнителни паркинг места, градејќи паркинг за 30 возила-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Кисела Вода својата 68-ма година од потоењето ја затвори со над 50 000 m2 зелена површина. Вчера беше почната изградбата на мини рекреативен центар во Усје, а неодамна нова парковска површина добија и жителите на село Драчево, преку изградбата на спортско-рекреативниот комплекс “Теодор Стојановски-Тоше” кој некогаш се викаше “Оксиген”.