Нов пораз на Манчестер Сити во Премиер лигата

Фудбалерите на Астон Вила го прескокнаа Манчестер Сити на табелата од англискиот шампионат откако во саботата на својот терен го победија актуелниот шампион со 2:1 (1:0) во натпреварот со кој беше отворено 17-то коло во англиската Премиер лига.

Домашните поведоа со 2:0 со головите на Дуран во 16 и Роџерс во 65 минута, а во самата завршница во треатата минута од судиското продолжение на мечот Фоден го ублажи поразот на бранителот на титулата, кој на тој начин го загуби шестиот од последниот осум натпревари во Премиер лигата.

Со оваа победа Астон Вила скокна на петтото место со 28 бодови, исто толку колку и четвртопласираниот Нотингем Форест, додека Манчестер Сити моментално е шести со бод помалку. Ливерпул е на врвот со 36 бодови, вториот Челзи има два помалку.