Нов поткуп пред избори: Наместо стопанството, владата ќе ја крепи администрацијата

На денешната владина седница, на дневен ред меѓу другото, ќе се разгледува и информацијата за склучување на Договор за администрирање на Фондот за финансиска поддршка и поддршка на ликвидноста – КОВИД 4 со Предлог одлука за распределба на средства обезбедени од Буџетот за финансиска поддршка и поддршка на ликвидноста – КОВИД 4.

Но, како што дознава „Нетпрес“, наместо помош за стопанството, економијата и бизнисот, ќе се дискутира за нов поткуп преку социјални трансфери за граѓаните, во вредност од 200 милиони евра. Една од мерките ќе биде помош на државната администрација, која редовно во ковид кризата добива плата.