Нов проблем на Сити, Агуеро повторно повреден

Елиминацијата во 1/8 финалната рунда од Лигата на шампиони не е единствената лоша вест која ја примија раководните лица и најверните фанови на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити.

Првиот помошник на актуелниот менаџер на “граѓаните”, Мануел Пелегрини, Рубенс Коусилас, откри дека најдобриот голгетер, Серхио Агуеро има заработено незгодна повреда во финишот од првото полувреме и затоа бил заменет за време на паузата.

„Агуеро почуствува болка во мускулот и затоа беше заменет за време на паузата. Се повреди во финишот од првото полувреме и немаше потреба од некаков ризик. Не сакавме да ризикуваме, така ќе го загубевме на подлг временски период. Ќе биде направена нова снимка, ќе има нов лекраски преглед во Манчестер. Тогаш ќе ја добиеме точната дијагноза, ќе знаеме за што точно станува збор и колку ќе остсутвува”, изјави Коусилас.