В среда ќе се отвори нов пункт за вадење лични документи којшто ќе се наоѓа во склоп на Центарот за обука во Идризово, најави техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски.
– Во среда ќе се отвори нов пункт за вадење лични документи којшто ќе се наоѓа во склоп на Центарот за обука во Идризово. Пунктот ќе биде со четири базни станици кои се префрлени во Идризово од внатрешноста на државата. Започнуваме со една смена, бидејќи за толку имаме обучен кадар, а ќе можат да се опслужуваат по 250 до 300 луѓе – изјави Тошковски.
Според него, 95.000 луѓе, имаат добиено нови термини за да не се фотографираат во септември и да чекаат документи во ноември.
„Од април па натаму, ќе видиме што ќе правиме со пунктот Пролет. Не го чекпаме тој пункт за ако случајно не го сменат законот, за да има каде граѓаните да се сликаат за да имаат некаков докуемнт, ако немаат никаков“, посочи Тошковски.