
Неколку американски сојузни држави на југот и западот на земјата во вторникот забележаа рекорден раст на починатите од коронавирусот во еден дена, а севкупно во САД од Covid-19 вчера починаа 1.300 луѓе, што е најголем број починати од мај.
Рекодно зголемување на смртните исходи од заразата во еден ден забележале државите Атканзас, Калифорнија, Флорида, Монтана, Орегон и Тексас.
Во Калифорнија со новиот коронавирус SARS-CoV-2 најпогодени се латиноамериканците кои чинат малку повеќе од третина од жителите на најналселената американска сојузна држава. Меѓу заразаениет во Калифорнија 56 отсто се латиноамериканци, додека смртноста меѓу нив е 46 отсто. Бројот на заразените и починатите особено расте во земјоделската област Сентрал Валеј, со бројно латиноамериканско население.
Во Калифорнија во вторникот од Covid-19 починало 171 лице, а на Флорида 191. Тексас во понеделникот забележал повеќе од 6.000 новозаразени, со што вкупниот број се искачи на 401.477 болни. Уште само три држави ја надминаа оваа бројка: Калифорнија, Флорида и Њујорк.
Тексас и Калифорнија, меѓутоа, бележат пад на бројот на хоспитализирањата, а Ентони Фаучи, водечкиот американски стручњак за заразни болести, смета дека станува збор за први знаци кои покажуваат дека на југот и запад се ближи пикот на здравствената криза.