Рускиот претседател Владимир Путин, како што соопштува Кремљ, ја потврдил подготвеноста на Москва да ѝ пружи помош на Белорисија потресувана од антивладините протести, доколку тоа е неопходно според билатералниот договор за Сојузната држава и по Договорот за колективна безбедноста во регионот.
Објаватра доаѓа откако во неделата Путин имаше уште еден телефонски разговор со белорускиот претседател Александр Лукашенко кој ги отфлри барањата на Западот да ги повтори претседателските избори од минатата седмица и го обвини НАТО дека трупа сили на западната градница на земјата.
Во саботата ноќта Лукашенко имаше итен состанок со членовите на Генералштабот на белоруската армија и нареди распоредување на споцијалните противвоздишни сили на границите со Полска и Литванија каде што започнаа воени маневри на НАТО.
Лукашенко изјави дека тенковите и авионите на НАТО се прекомандувани на само 15 минути од белоруската граница и дека со тоа се врши притисок за да попушти на барањето на Полска и земјите од Балтикот да ги повтори претседателските избори. Западот, иако не е сигурно дека белоруската опозиција би победила инсистира на повторно одржување на претседателските избори со присуство на меѓународни набљудувачи. Инаку ОБСЕ одби да испрати набљудувачка мисија за гласањето минатата недела, под изговор дека поканата стасала доцна.
„Силите на НАТО се на нашите граници. Литванија, Латвија, Полска и нашата братска Украина ни наредуваат нови избор“, рече Лукашенко во говорот во центарот на Минск, додавајќи дека Белорусија „ќе умре како држава“ доколку има нови избори.
„Никогаше не ве предадов и никогаш нема да ве предадам“, истакна Лукашенко во емотивниот говор пред неговите поддржувачи на централниот Плоштад на независноста.
На митингот присуствуваат неколку илјади луѓе, а опозицијата преку западните медиуми го обвинува Лукашенко дека со присила носел луѓе и од внатрешноста на земјата.
Светлана Тихановска, која на изборите освои 10,12 отсто од гласовите а потоа пребега во Литванија, повика на голем „Марш за слобода“. Како и претходните протестите се очекува тие да кулминираат вечерта на Плоштадот на независноста пред зградата на владата, на истото место каде што се одржува митингот на приврзаниците на Лукашенко.
Русија, којашто со Лукашенко последните години има турбулентни однос по неговот кокетирање со САД, внимателно ја следи ситуацијата во Белорусија, низ која минуваат стратешките нафотводи за транспорт на рускиот енергенс кон Западот, и која историски претставува отворен правец за западните аспирации, во случајов на НАТО, кон руските територии.