Нов рекорд: Ова е најдолгиот воз на светот, нема да ви се верува колку е долг и колку вагони има (ВИДЕО)

Во Швајцарија e соборен рекордот за најдолг патнички воз во светот.

Швајцарската железничка компанија Ретиен Рајлвеј во саботата објави дека поставила светски рекорд за должина на патнички воз: композиција долга 1,9 километри од 100 вагони и четири локомотиви сообраќале на линијата Албула/Бернино од Преда до Бергин.

Таа пруга, впишана на списокот на светско наследство на УНЕСКО од 2008 година, минува низ 22 тунели, од кои некои се спирални, преку 48 мостови, вклучувајќи го и познатиот вијадукт Ландвасер.

Патувањето по пругата долга 25 километри траеше еден час.