Епитетот, најдобар голгетер во клупската историја на каталонскиот гигант Барселона од сега е во сопственост на аргентинскиот интернационалец Лионел Меси.
Магионичарот од „Ноу Камп” стигна до бројката од 371 погодок во дресот на Барселона, а последните три ги постигна на првенствениот дуел против екипата на Осасуна.
Барселона многу полесно од очекуваното забележа убедлив триумф од 7:0, а освен Меси во листата на стрелци се запишаа и Андрес Ињеста, Алексис Санчез, Педро Родригез и Кристијан Тељо.
Без погодоци заврши првенствената пресметка помеѓу директните ривали во борбата за опстанок, екипите на Елче и на Бетис.