Нов силен земјотрес денеска го погоди јужниот дел на Филипините

Нов земјотрес денеска го погоди јужниот дел на Филипините, еден ден по силниот земјотрес во кој загинаа две лица, соопшти Американскиот геолошки институт.

Според извештаите, земјотресот бил со јачина од 6,6 степени и бил регистриран во 18:36 часот по локално време, североисточно од Бислиг, на островот Минданао.

Најмалку две лица загинаа, а четворица се повредени во земјотресот со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала што вчера го погоди филипинскиот остров Минданао.

Вчерашниот земјотрес бил на длабочина од 63 километри.