Нов силен земјотрес кај Петриња со магнитуда 4,5  

Нов суиле потрес со магнитуда од 4,5 според Рихетр е регистриран во саботата вечерта со епицентар на 15 километри југозападно од Сисак, во областа на градот Петриња, кој во последните денови од изминатата година беше разорен од потресот со магнитуда 6,2.

Како што соошти ноќва хрватската сеизмолошка служба, потресот се случил во 22,29 часот, а интензитетот сво пеицентарот изнесувач VI степени од EMS скалата. Потресот бил почувствуван на поширокот подрачје, но засега нема информации за нови настрадани или оштетувања.

Медимите во соседните Босна и Херцеговина и во Србија јавуваат дека потресот бил почувствуван и на делови од територите на нивните држави.

Од разорниот потрес кој ја погоди оваа област на 29-ти декември 2020-та, сеизмолозите бележат повеќе десетина потреси дневно во областа на Петриња, Сисак и целата жупанија.

Сеизмолозите повеќепати предупредуваа дека по силниот потрес од 6,2 моќе да се очекуваат посилни пропратни земјотреси.