Земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала ноќта кон понеделникот го погоди регионот на островите Кермадец, во близина на Нов Зеланд, соопштија Американскиот геолошки институт (USGS) и Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, а USGS првично извести за јачина од 7,3 степени, но подоцна го коригираше податокот на 7,1, за подземните удари кои се регистрирани во 12,41 часот попладне по локално време, односно 41 минута по полноќ по Гринич.
Американскиот центар за предупредување од цунами во Пацификот објави дека е помината заканата од цунами во областа околу островот Кермадец.