Нов силен земјотрес ја погоди Папуа Нова Гвинеја

Земјотрес со јачина од 7,1 степени по Рихтеровата скала ја погоди денеска Папауа Нова Гвинеја, соопшти американскиот Геолошки завод.

Епицентарот на земјотресот бил на 128 километри југозападно од градот Рабаул, а на длабочина од 61 километар.

Засега нема податоци за евенуални жртви, ниту предизвикана материјална штета.

Ова подрачје и вчера беше погодено од земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтеровата скала.