Нов скандал, Арјанит Хоџа потрошил над 50 илјади евра за телефон и интернет

Арјанит Хоџа, министерот од редовите на Движењето БЕСА, оди од скандал во скандал. По скандалот со несовесното трошење 23 илјади евра за храна за кафе по што владата на премиерот Зоран Заев ги запре овие супер луксузни трошења, на виделина излегува уште еден скандал, пренесуваат во средата медиумите на албанските медиуми.

Од времето кога Арјанит Хоџа стана министер до крајот на март за интернет и мобилна и фиксна телефонија потрошил околу 53 илјади евра, бројка знае колку е ефтин интернет и мобилна телефонија денес.

Порталот Infomagazin.net за време на истражувањето тргнал од претпоставката дека овие енормни трошоци не се направени само од министерот, туку потекнуваат од целото Министерството, но сепак, како што се забележува во написот, сумата од 53 илјади евра е голема и не ја покажува реалноста.

„За последните шест месеци од мандатот, истиот тој поранешен министер за земјоделство од редовите на СДСМ потроши околу 23 илјади евра. Кога ќе мине една година од мандатот на Хоџа, сумата така би изенесувала над 120 илјади евра, додека за четири години од неговиот престој на функцијата ќе бидат потребни околу 500 илјади евра“, се прави пресметка во споменатиот напис.

Порталот контактирал експерт од областа на телекомуникациите за да и објасни овие трошоци. Според експертот, големата сума за интернет и мобилен телефон не е оправдана. Точно е дека има трошоци за интернет, фиксни телефони или мобилни телефон, сумата од 53 илјади евра за само шест месеци не е оправдана.

Според она што се гледа од јавните податоци за буџетска транспарентност од Министерството за финансии, се гледа дека стотици броеви се плаќаат месечно со 20 и 30 евра. Сега потојат сомневања дека овие броеви заедно со мобилните телефони биле двојно зголемени во мандатот на Хоџа и им биле дадени на вработените активисти на Беса со најнови скапи модели на паметни телефони.

„Повеќето министерства или владини дирекции не плаќаат месечни хонорари на вработените, но се чини дека министерот Арјанит Хоџа го злоупотребил ова бидејќи сумата платена околу 53 илјади евра за само шест месеци исплатени на Телеком не е оправдана од никој“, заклучува  Infomagazin.net 

Извор: