Велибор Џаровски Џаро, еден од најмаркантните ликови на просторите на поранешна Југославија иако во поодминати години, сепак не мирува со она што го работи цел живот.
Џаро во изјави за српските медиуми откри дека и понатаму мести натпревари. Последниот пред две седмици за време на младинскиот ракометен Мундијал во Скопје каде ќарил 13.000 евра.
„Местам натпревари, зошто тоа ви е чудно? Тоа ми е работа, моја професија, моја страст. Сите знаат дека сум коцкар во душа. Порано заработував многу, а заработувам и сега по нешто. Пред две седмици заработив 13.000 евра. Не ми дозволија поголема уплата, лимитиран беше износот, бидејќи се работеше за ракометен натпревар од Мундијалот за играчи до 19 години, кој се играше на мој терен во Скопје“, вели Џаро и додадава:
„Освен тенисот и кошарката, најлесно е да се намести натпревар во ракомет. Секогаш е полесно да се договорите во спортовите кои не се секогаш во центарот на вниманието, па ниту медиумите не дигаат многу прашина кога ќе се случат некои изненадувања“.
Извор: https://www.mkvesti.mk/skandal-vo-najava-dzharo-mestev-natprevari-pred-dve-sedmici-vo-makedonija/