ВИДЕО: Нов скандал со местење тендер на Шилегов

На денешната пресконференција Сашо Трпески посочи докази за уште еден скандал на СДСМ.

Како што истакна тој , ова е нов уште поголем скандал кој е школски пример за местење на тендер. Според него, ова е пример за тоа како Шилегов направил најповолениот понудувач да биде дисквалификуван од постапката.

„Ова е пример како преку правни игри и процедури се отфрлаат и понудите на останатите понудувачи со цел да добие тендер фирмата ДР Пановски, која инаку важи за спонзор и блиска на СДСМ.  Спорен е начинот на кој фирмата го добила тендерот.

Ова е пример за тоа како фирма која нуди опрема која не се бара од барателот, опрема која може да се најде по пониска цена, сепак победува на тендер“, појасни Трпеским додавајќи дека таму стои потписот и  името на Петре Шилегов.

 Трпески образложи за што се работи:

Во отворениот повик на ЈЗО КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР, се бара детски лапараскоп со видео опрема и инструментален сет за лапараскопија.

Понуди дале 4 фирми, од кои најниска цена била на Б-Интернационал, значи Д-р Пановски немал најниска понуда.

Жалба е поднесена од Инел Медика, во која тврди дека понудата на Д-р Пановски воопшто не одговара на тендерската спецификација – медицинските апарати немаат DCI систем, димензиите на инструментите  воопшто не се со исти димензии како оние во тендерската документација.

Постапувајќи по жалбата, Комисијата за жалби со Решение од 11.03.2005 година ЈА УВАЖУВА ЖАЛБАТА и го задолжува набавувачот да изврши повторно рангирање.

Но набавувачот повторно донесува Решение со кое го избира Д-р Пановски!

Инел Медика повторно поднесува жалба во која ги истакнува истите наводи.

И сега следи најинтересниот дел – во дополнувањето на одговорот на жалбата од набавувачот ЈЗО КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР  од 30.06.2005 година,  набавувачот самиот истакнува дека во понудата на Д-р Пановски нема DCI систем што значи не го исполнува она што се бара на тендерот!!!

500ddddddd

 

Првостепената комисија го имала во предвид овој факт, но не ја отфрлила понудата, туку намалила бодови за квалитет, но само онолку (5 бода) колку што е доволно Д-р Пановски да биде најповолен понудувач.

Комисијата во прв степен дури и самата потенцирала дека понудувачот не понудил апарат каков што се бара, но Комисијата на Петре Шилегов, иако еднаш го поништила решението за избор на Д-р Пановски, донесува Решение со кое ја отфрла жалбата на Инел Медика.

Ниту понудата на Д-р Пановски не содржи еквивалентни димензии, а од претходно наведеното е евидентно дека содржи сосема различен инструмент од оној предвиден во тендерската документација.

Ова е јасно истакнато во жалбата од Инел медика, дека не се работи за опрема-еквивалент на бараната во тендерската документација, а жалителот наведува и дека понудената од Д-р Пановски може да се најде и за двојно пониска цена од цената што ја нуди Д-р Пановски!

„Повторувам дека и набавувачот самиот истакнува дека не се работи за опрема-еквивалент, но Комисијата за жалби на Шилегов сепак ја отфрла жалбата, со што овозможува на тендерот да добие фирма која има понуда која не одговара на тендерската документација“, тврди тој.

Според него ова не е работа што може да се игнорира како што тоа го прави СДСМ и Шилегов.

Што уште треба друго да се случи за да Петре Шилегов се одважи и одговори за овој мега скандал. „Ова е случај каде Шилегов оневозможил и најповолниот понудувач бил дисквалификуван од постапката и случај каде преку правни игри и процедури се отфрлаат и понудите на останатите понудувачи со цел да добие тендер фирмата ДР Пановски која инаку важи за спонзор и блиска на СДСМ“, појаснува, додавајќи дека на сево ова стои потписот на Петре Шилегов.

“Ова е сомнеж поткрепен со докази за организирано местење на тендери. Г-дине Шилегов колкава била вашата тарифа?Дали вашето местото носител на листата на СДСМ е заслуга на вашата работа како прв човек на второстепената комисија за жалби по јавни набавки во владата на СДСМ? И дали профитот од таа тарифа е изворот на вашето богатство?Како ќе им погледнете на граѓаните во очи?“ се прашува тој!.