Најквалификуваната медицинска сестра отпаѓа, а работа добива последната на листата

Во последниот период се поактуелни се вработувањата во јавните здравствени установи, како и покачувањето на платите. Меѓу другото, надлежните наведуваат дека целта е медицинските кадри да се задржат во здравствените установи во земјава, односно да не заминуваат од Македонија.

Но, што се случува во реалноста. На оглас за вработување на медицински сестри во болницата во Велес се констатира злоупотреба ако се погледне листата на кандидати, како и одлуката за вработување.

Имено листата на која се рангирани кандидатите, прво рангираната кандидатка не е примена,  а последната е примена, иако има многу помалку бодови од првата на листата.

Упатените коментираат дека без разлика на квалификацииите според системот за бодирање, очигледно дека некои други параметри и квалитети се земаат во предвид при вработување.

Вакви случаи на вработување неодамна имаше и во болниците во Охрид и во Кичево.