Ширум државата утринава го има можби едно од најстудените утра а тоа значи дека температурата се спушти под -10 степен.
Метеоролозите за денеска најавија прилично студено време а дневните температури ќе бидат скоро секаде под нулата.
Почнувајќи од ноќта од вторник кон среда, ќе почнат врнежите од снег од северозападниот крај. Во среда рано наутро врнежите ќе бидат сконцентрирани на крајниот западен регион, но до пладне полето на врнежи ќе се прошири и во јужниот регион. Во меѓувреме, интензитетот на врнежи ќе се зголемува.
Попладне врнежите ќе се прошират и на источниот крај, но со помал интензитет за разлика од оној во западниот крај.
Рано навечер интензитетот на врнежи ќе се намали, но оваа состојба нема да трае особено долго. Рано наутро в четврток ќе има уште една серија на врнежи, со умерен до јак интензитет, а ќе ја зафати целава земја. Најголем интензитет овие врнежи ќе имаат во југозападниот регион.