
На местото на некогашната фабрика „Типо“ во општина Бутел на 18 јули годинава ќе биде отворен шопинг центар во кој, освен познати трговски брендови ќе има и ексклузивен ресторан, супермаркет, банка, игрoтека и продавница за деца.
Шопинг центарот ќе зафаќа површина од 9.500 метри квадратни и ќе располага со 300 паркинг места. Retail Park ќе им овозможи на посетителите максимално уживање во секојдневните активности, понудувајќи голем број содржини. Ваков концепт кој е развиен насекаде во светот, а посебно во Европа и регионот е нешто што му недостасуваше на Скопје да го позиционира на највисокото место во регионот, вели Али Ќаили, сопственик на Али Тобако, инвеститор на Point Retail Park.