Нов состанок Путин – Трамп во петок во Виетнам

Новиот состанок меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега по должност Доналд Трамп ќе се одржи во петок во Виетнам, на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC), изјави во четвртокот советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, пренесуваат руските медиуми.

„Во моментов се усогласува (времето) на средбата, тоа ќе се случи на 10-ти“ ноеври, изјавил Ушаков. Њ

Претходо Ушаков изјави во Путин и Трамп на средбата во Виетнам на маргините на самитот на APEC ќе разговараат за стуацијата во Сирија и на Корејскиот полуостров, како и и билатералните односи кошто „се наоѓаат во лоша, кризна состојба“.

Кремљ во средата оцени дека е „многу можно“ да се случи таа средба, втора откако Трамп во јануари влезе во Белата куќа. „Најважно е што постојат теми за коишто треба да се разговара, почнувајќи од Сирија па до Северна Кореја“, соопшти Кремљ.

Самитот на земјите од Азија и Пацифик се одржува виетнамскиот град Да Нанг.

Путин и Трамп се среднаа првпат во јули годинава на маргините на самитот на Г20 во германски Хамбург и тогаш надвор од претходно договорениот распоред разговараа два и пол часа.

Односите меѓу САД и Русија сé уште се на многу ниско ново како резултат на реакциите на Вашингтон на ситуацијата во Украина, војната во Сирија и наводната вмешаност во американските претседателски избори минатата година за што е обвинета Москва.