Нов состав на Советот за дигитализација на правосудството

Неопходна е дигиталната трансформација за модернизација на судскиот систем, со цел да се зголеми довербата на граѓаните во правосудството, рече министерот за правда Игор Филков на конститутивната седница на новиот состав на Советот за координирање на информатичко-комуникациската технологија во правосудните органи.

– Верувам дека овој состав на Советот ќе биде двигател на значајни промени, со фокус на правдата, инклузивноста и модернизацијата на правосудниот систем. Дигитализацијата ќе ни овозможи да ги забрзаме судските процеси, да ја зголемиме транспарентноста и да ја намалиме бирократијата – рече министерот Филков.

Министерството за правда го формираше новиот состав на Советот за координирање на информатичко-комуникациската технологија во правосудните органи во целосна согласност со член 87-а од Законот за судовите, соопшти Министерствто. Советот е составен од претставници од правосудните органи и од други релевантни институции, кои ќе работат на координирање и спроведување на активностите за дигитализација во правосудството.

– Технологијата е само алатка, а основниот принцип останува правдата. Затоа, мора да се осигураме дека дигитализацијата ќе биде во служба на правдата и дека ќе обезбеди еднаквост и фер пристап за сите граѓани – рече Филков.

Министерот изрази уверување дека со заедничко лидерство и посветеност новиот состав на Советот ќе продолжи со развој на стратегијата за дигитализација, со размена на информации и со решавање на проблемите во работата на правосудниот систем.

Нови ќленови на овој совет се:

Бурим Сејдини, претседател на Управниот суд

Иван Џолев, претседател на Основен кривичен суд Скопје

Милчо Велјаноски, судски советник во Врховниот суд

Мирјана Башеска Јонеска, информатичар во Врховниот суд

Наташа Однакозова Жабакова, информатичар во Апелацискиот суд Скопје

Никола Ристевски, информатичар во Основниот граѓански суд

Анита Тополова Исајлоска, јавен обвинител во републичкото јавно обвинителство

Владимир Милошески, обвинител во републичкото јавно обвинителство

Ирена Димовска, информатичар во републичкото јавно обвинителство

Јулијана Георгиевска, државен советник во Судскиот совет

Јелена Догазанска Колева, член на Советот на јавни обвинители

Катерина Мишковска, информатичар во Советот на јавни обвинители

Јосиф Стоилов, информатичар во Судскиот совет