Полемиката меѓу италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини и луксембуршкиот министер за наворешни работи Жан Аселборн за имигрантите се заостри откако викендов вториот го нарече првиот „фашист“.
„Министер, социјалист, во луксембуршкиот даночен рај, денес ме нарекува фашист откако нашите дедовци, италијански емигранти ги спореди со денешните илегалци и го прекина мојот говор викајќи ’срање’“, напиша Салвини во неделата на Twitter.
„Со што тие во Луксембург имаат проблем? Никакво фашизам, само почитување на прописите. Доколку толку ги сака имигрантите, сите нека ги прими во Луксембург, ние во Италија веќе многу примивме“, додаде Салвини.
Аселборн во интервју за порталот на германскиот магазина Der Spiegel во саботата го обвини Салвини дека „се служи со методите и тонот на фашистите во 1930-те“.
Острата изјава на италијанскиот министер за внатрешни работи за увозот на африкански „робови“ поттикна во петокот во Виена лута реакција на луксембуршкиот министер за надворешни работи. На водеоснимката која неговите најблиски соработници ја објавија на Facebook, Салвини зборува за состанокот на европските министри за внатрешни работи и ја критикуваше изјавата на изјавата на Аселборн дека на Европа којашто старее ѝ се потребни имигранти.
Луксембуршкиот министер полемиката во петокот во Виена ја нарече „пресметена провокација“, пишува дневниот весник La Repubblica на својата мрежна страница, додавајќи дека видеото е снимено без знаење на другите учесници и објавено на Facebook.
„Ако се снимаат состаноците на министерте на ЕУ па и состаноците на претседател на државата и владата, тогаш вече нема а има отворени расправи“, се пожали Аселборн.
„Граѓаните ме плаќаат да им помогнам на младите луѓе да основаат семејство со деца, како што тоа го правеа пред неколку години, а не да ја одберам најдобрата африканската младина за да ги замени Европејците кои повеќе немаат деца. Можеби во Луксембург има потреба од тоа, но во Италија мораме да им помогнеме на нашите деца да имаат деца, не дека имаат нови робови кои би им ги замениле децата коишто ги немаат“, вели Салвини.
Аселборн, кој на снимката е во прв план ги загубил нервите и извикува „Во Луксембург, драг господине, имавме десетици илјади Италијанци. Дојдоа како мигранти кои работеле во Лускембург, за вие во Италија да имате пари за своите деца, срање!“.