Нов судиски подарок за Јувентус

Со голема судиска помош, актуелниот шампион на Италија, тимот ја Јувентус забележа минимална победа во неделниот дерби натпревар против градскиот ривал, екипата на Торино.

Погодокот вреден три бодови, постигнат во 30 минута беше дело на аргентинскиот интернационалец Карлос Тевез, а главниот арбитар, Никола Рицоли, прво не му покажа директен црвен картон на Артуро Видал, иако го заслужи, а потоа не досуди чист пенал за Торино.

“Да кажеме дека Ел Кадури сакаше да има контакт, беше подготвен за посакуваниот контакт. Јас не можам да негирам, да имаше контакт. Сите опции беа во игра кога е во прашање таа ситуација. Судијата можеше да покаже на белата точка, но можеше и да му покаже жолт картон на фудбалерот на Торино. За среќа, судијата досуди во корист на Јувентус”, изјави предводникот на “старата дама”, Антонио Конте.

Резултати: Ливорно – Верона 2:3, Удинезе – Аталанта 1:1, Интер – Калјари 1:1, Киево – Катанија 2:0, Сампдорија – Милан 0:2, Јувентус – Торино 1:0, Лацио – Сасуоло 3:2.