Нов тренд: Во продажба селфи лажица

За изумот селфи лажица можеме да и се заблагодариме на една компанија за житарки, бидејќи како тоа може да појадувате, а да не објавите на социјалните мрежи?!

Стапот е долг 76 см и има копче со функционална селфи лажица, така што при секој нов залак можете да се фотографирате.

– Поминале денови кога сте јаделе вкусен појадок, а вашите пријатели не знаеле за тоа, се порачува во рекламата.

– Па, зошто би морале да избирате меѓу храната и споделувањето? Со оваа селфи лажица можете и едното и другото.

Иако многумина биле критички према селфи стапот, оваа година доживеавме и најголемите „хејтери“ да имаат фотографии направени токму со помош на стап. Што мислите, дали тоа ќе биде случај со „селфи лажицата“?