Украинските сили нападнале нафтена платформа во Црното Море во сопственост на нафтена компанија од Крим, пренесе во неделата агенцијата ТАСС, што е вториот таков напад оваа седмица.
Со платформата управува „Черноморнефтгаз“, која откако мнозинскиот руски црноморски полуостров Крим по превратот во Киев во 2014 година преку референдуми си ја врати укинатата автономија и изгласа присоединување на Руската Федерација, ги презема кримските постројки на украинската државна компанија „Нафтгаз“.
„Тоа беше гранатирање од страна на Вооружените сили на Украина, нема жртви“, изјавил за ТАСС претставник на кримската служба за вонредни состојби, без да даде повеќе поединости.
Првото ракетирање врз платформите на „Черноморнефтегаз“ од украинска страна се случи на 20-ти јуни, кога на неа се наоѓале 109 луѓе, тројца беа тешко повредени а уште седум сѐ уште се водат како исчезнати.