Нов закон, кој наложува казни за објави на социјалните мрежи, идниот месец ќе стапи во сила во Германија. Законот ќе регулира објави со нелегална содржина, како и говор на омраза. Тоа предизвика голема и жестока дебата за слободата на изразување. Според новиот германски закон, компании како Фејсбук ќе треба да го бришат говорот на омраза и тоа најдоцна 24 часа по неговата објава. Во спротивно ќе има казна и тоа во висина од 50 милиони евра.
Одредени критичари сметаат дека големите глоби ќе доведат до голема внимателност од страна на социјалните мрежи, кои пак ќе почнат да бришат многу нешта вклучително и такви кои не се воопшто незаконски.
Што се подразбира под „говор на омраза“ во Германија?
Законот нема да го менува она што веќе се подразбира дека е говор на омраза. Нема да бидат создадени нови кривични дела. Категориите варираат од „формирање на терористички организации“ до многу полибералното и нејасното „обид за религиско и идеолошко здружување“. Како надополнување кон ова, некои германски закони ограничуваат определени работи, кои пак се дозволени во многу други земји во светот. Така на пример, користењето на нацистичка симболика, како знамиња и ознаки, од страна на екстремистички групи, е забрането. Порано, законот во Германија забрануваше и „оцрнување на претседателот на Федералната република“, но тој член беше отстранет поради големи критики.
Новиот закон, исто така, е на удар на жестоки критики, бидејќи не обезбедува правен механизам за луѓето, чии постови на социјалните мрежи може по грешка да бидат избришани.
Кој треба да биде загрижен?
Опозицијата против новиот германски закон, доаѓа од широк спектар на групи и политичари, како од левицата, така и од десницата. Од Фејсбук, исто така, не го одобруваат новиот германски закон. Во спорот се вмешаа и Обединетите нации. Специјалниот известувач на ООН, задолжен за слободата на говорот, Дејвид Каје, писмено им се обратил на германските власти за да ги предупреди во однос на потенцијалните опасности од законот.
Со тие 24 часовни и седумдневни крајни рокови, ако сте компанија, ќе сакате да ги избегнете казните и лошиот имиџ за својата платформа. Ако има поплаки за одреден пост, едноставно ќе го избришете. Каква е користа да го оставите? Мислам дека најверојатниот резултат ќе биде зголемена цензура, смета претставникот на ООН.
„Репортери без граници“, пак, тврдат дека новиот германски закон всушност бил инспирација за „драконскиот“ закон за он-лајн медиумите во Русија.
Сепак во Германија има и гласови со силна поддршка на новиот закон, кои се со став дека социјалните мрежи треба да се поодговорни во однос на говорот на омраза и на нелегалните содржини.
Анас Модамани, кој е мигрант од Сирија и живее во Берлин, бил погрешно обвинет за тероризам. Тој стана познат во јавноста откако се снимил со Ангела Меркел за време на една нејзина посета во еден мигрантски камп. Подоцна се тврдеше дека тој учествувал во терористички напади. Модамани се обидел да го тужи Фејсбук за тоа дека компанијата не прави доволно за да ги сопре клеветите против него, но во март 2017 го изгубил процесот. Од другата страна на дебата е фоторепортерот Маркус Хибелер, кој го тужел Фејсбук поради отстранет пост. Тој вели дека на германски јазик го напишал следното:
Не треба да ги згрижуваме муслиманите, и со сигурност не и Исламот, кој никогаш немал просветлување или реформација, од критики.
Постот му бил избришан од Фејсбук, а неговиот профил на социјалната мрежа добил забрана од седум дена да објавува. Потоа тој го тужел Фејсбук и го добил процесот. Хибелер тврди дека не верува оти Фејсбук ќе се справи успешно со филтрирањето на постовите.
Не блокираат доволно. Не сметаме дека ќе има проблем со прекумерно блокирање, бидејќи тие сакаат да имаат клиенти. Никоја приватна компанија во Германија, или било каде на друго место, не е задолжена да ја гарантира слободата на говорот. Тоа е нешто, кое го прави власта, но не и приватните компании, смета германскиот министер за правда Герд Билен.
Портпаролот на Фејсбук, за Би-Би-Си, изјавил дека компанијата не може да гарантира дека нема да има грешки и случаи во кои легалната содржина ќе биде избришана.
Законот не е правилниот начин да се бориш со говорот на омраза он-лајн. Тој стимулира бришење на содржините, кое очигледно не е нелегално. Тој закон би довел до префрлување на комплексни правни решение од општествените власти кон приватните компании. Неколку правни експерти веќе изјавија дека новиот германски закон му спротивен на на уставот на Германија и на европското право, смета портпаролот на американската компанија, чија е најголемата социјална мрежа во светот.