Нов Зеланд ја победи Норвешка на отворањето на Светското фудбалско првенство за жени

Репрезентацијата ко-домаќин на женското Светско фудбалско првенство, Нов Зеланд, претпладнево пред околу 42 илјади гледачи ја совлада селекцијата на Норвешка со 1:0.

Победничкиот гол којшто донесе голема радост за домашните навивачи на „Еден парк“ во Оукленд го постигна Хана Вилкинсон во 48. минута.

Ова беше прв натпревар на Мундијалот во Нов Зеланд и Норвешка и прв од првото коло во А-групата во која се и репрезентациите на Швајцарија и на Филипини.

Точно напладне (12 часот) по македонско време ќе стартува дуелот Австралија – Ирска. Овој натпревар ќе се игра во Сиднеј.