Премиерот на Нов Зеланд, Џон Ки, предложил одржување на референдум за промена на националното знаме.
„Моето мислење е изгледот на новозеландското знаме да ја симболизира колонијалната и пост-колонијалната ера, чие време помина. Предлагам да преземеме уште еден чекор во еволуцијата на модерниот Нов Зеланд, признавајќи ја својата независност преку ново знаме“, рекол Ки.
Премиерот навел дека таквиот потег не ја намалува врската со британската монархија. Но, сепак наведува дека за тоа прашање мора да се изјаснат граѓаните на референдум.
Сегашното знаме на Нов Зеланд се најде на удар на критики бидејќи во долниот лев агол се наоѓа знамето на Велика Британија како симбол на колонијалната сила, а на остатокот се четирите црвени ѕвезди на сина позадина кои претставуваат соѕвездие на Јужниот крст на Млечниот пат.