Нов Зеланд: Лабуристите го признаа поразот, Националната партија ја предводи владата

Националната партија на Нов Зеланд (NP) ќе формира нова влада откако лабуристичкиот премиер Крис Хипкинс го призна поразот на општите избори.

Националната партија освои 40 отсто од гласовите, а нејзиниот претпочитан коалициски партнер ACT (Алијанса на потрошувачи и даночни обврзници, од десниот центар) 9 отсто. Ова им дава доволно мандати за формирање нова влада, објави државната изборна комисија. Лабуристите освоија само 26 отсто од гласовите.

„Како што стојат работите, лабуристите не се во позиција да формираат влада“, призна Хипкинс, кој веќе го повикал лидерот на NP, Кристофер Луксон, за да му честита за победата.

Политичкиот коментатор Бен Томас изјави за Reuters дека централно-десничарскиот блок е очигледно многу посилен отколку што сугерираа анкетите во последните седмици од изборната кампања.

„Најголемиот мотив беше незадоволството од власта“, вели Томас.

Лабуристите се на власт од 2017 година благодарение на популарната Џасинда Ардерн, којашто, сепак, се повлече од премиерската функција во март за да се посвети на семејството. Оттогаш, лабуристите почнаа да ја губи популарноста, најмногу поради зголемените трошоци за живот.

Националната партија ги освои гласачите со ветувања дека ќе ја стави под контрола историски високата инфлација и ќе го намали националниот долг.