Новозеландската премиерка Џасинда Ардерн најави во понеделникот укинување на ретриктивните мерки воведени во Окленд поради сузбивање на вториот бран на епидемијата на коронавирусот, тврдејќи дека нејзината земја „повторно го победи вирусот“.
Нов Зеланд во мај потполно го запре првиот бран на коронавирусот, благодарејќи на строгите мерки, а земјата забележа низа од 102 денови без новозаразени лица.
Меѓутоа, новото жериште на епидемијата беше откриено во август во најголемиот новозеландски град, што ги принуди властите за милион и пол жители на Окленд повторно да одредат строги мерки на целосно затворање кој траеја три седмици, сѐ до почетокто на септември.
Потоа во овј град на северот на земјата, 12 дена не е забележан ниеден нов случај на коронаинфекција, па премиерката Ардерн потврди дека епидемијата сега е под контрола, честитајќи им на ќителите кои мораа да го издржат новото затворање.
„Жителите на Окленд и сите Новозеланѓани се придржуваа на планот кој досега успеа двапати. И повторно го победија вирусо“, рече премиерката.
Оцени дека успехот дошол во вистински момент, имајжи предвид дека на 17-ти октомври се одржуваат парламентарни избори. Голема е веројатноста дека Ардерн по изборите ќе остане на чело на владата.
Премиерката додаде дека од среда во Окленд на сила ќе биде најниското ниво на борба против пандемијата, кое важи и за остатокот од земјата. Тоа значи дека повеќе нема да има никакви ограничувања за јавни собири. Но Арден порача дека не треба да се „спие на славата“.
Според последните статистички податоци, во Нов Зеланд е регистриран само еден позитивен случај на коранавирусот и нема хоспитализирани. Во моментов има 40 активни случаи, од кои 34 се ткн „увезени“ а шест се локални трансмисии. Вчера на биле спроведени 2.834 тестови, или вкупно досега 982.819. Вкупно досега во земјата се потврдени околи 1.900 случаи на заразата, од кои оздравеле околу 1.800 пациенти, а забележани се 25 смртни исходи.