Нов Зеланд се збогува со жртвите, се идентификуваат загинатите

„Ние сме едно срце“, „Вие сте наши пријатли, ќе ве гледаме додека се молите“. Вакви пораки, полни со солидарност и шок оставија жителите во Крајстсрч во ботаничката градина, по терористичкиот напад што се случи во двете џамии, пренесува Би-би-си на нивниот официјален инстаграм профил.

Голем број граѓани излегоа на улиците во Крајстсрч за да се опростат со жртвите. Во нападот што се случи вчера во двете џамии загинаа 49 лица, а десетици беа повредени. Нападот го изврши Австралиецот Бренрон Тарант кој денеска беше изнесен пред судот.

Идентификувани се првите жртвина терористичкиот напад во Кристчрч, јавува Би-би-си.

Потврдено е дека во нападот на двете џамии загинале 49 лица. Службите сега имаат тешка работа да ги идентификуваат жртвите.

Јасно е дека жртвите потекнуваат од различни делови на светот и дека многу од нив се бегалци кои верувале дека дошле во сигурна земја.

Бројни семејства сѐ уште не стапиле во контакт со своите најблиски и чекаат вести за нив.

Властите сѐ уште официјално не ги потврдиле имињата на исчезнатите и загинатите, но тоа го сториле нивните семејства.

Даоуд Наби е првата идентификувана жртва. Имал 71 година. Тој е Авганистанец, а со семејството се преслил во Нов Зеалнд во 1980 година, кога бегале од советската инвазија, јавуваBBC.

Во нападот загинало и 14 годишно момче Сиад Милне, кој бил фудбалер. Тој во џамијата бил со својата макја.

Нехем и Талха Рашид се браќа. Нехем се обидел да му ја земе пушката на напаѓачот и бил тешко танет, по што починал. Брат му Талха е ранет.

Убиени се и три лица со потекло од Бангладеш, а настрадани има и од Сирија.

На списокот на исчезнати се наоѓаат лица од Индија, Бангладеш, Авганистан и Саудиска Арабија.

Најмалку четворица убиени има од Сомалија.

На страницата на Црвен крст во Нов Зеланд објавени се имињата на исчезнатите лица, чиј број расте.