Нов Зеланд денеска соопшти дека жена починала откако ја примила вакцината „Фајзер“ против ковид-19.
Ова е прв случај во Нов Зеланд во кој смрт настапила во денови по вакцинацијата и се поврзува со вакцината на Фајзер против ковид-19, соопшти Министерството за здравство.
Независниот одбор за мониторинг на безбедноста на вакцините против ковид-19 изјави дека смртта на жената е најверојатно поради миокардитис или воспаление на срцевиот мускул.
Исто така беше истакнато дека има и други медицински проблеми што би можеле да влијаат на она што следува по вакцината.
Европските регулатори велат дека миокардитисот е многу редок несакан ефект и дека придобивките од вакцината ги надминуваат тие ризици.
Центарот за следење на негативни реакции од вакцината прими извештаи за смртни случаи кај неодамна вакцинирани и ниту еден случај не е поврзан со вакцината, се вели во соопштението.
Смртта на жената сè уште се испитува и треба да се произнесе судски надзор за случајот. Официјалните лица не објавија други детали околу случајот, па дури не ја откриваат ниту возраста на жената.
Европската агенција за лекови го нагласи миокардитот како многу редок несакан ефект на вакцините против ковид, направени од „Фајзер“ и „Модерна“, додавајќи дека несаканите ефекти се почести кај помладите мажи.
Тие повикуваат луѓето да продолжат со вакцинација, бидејќи помагаат да се спречи ширење на вирусот и разболување на многу поголема бројка на луѓе со ковид-19.
Симптомите на миокакрдитис вклучуваат болка во градите, отежнато дишење и абнормални отчукувања на срцето.
Експертите ги повикуваат сите оние кои имаат вакви симптоми во деновите по вакцинацијата, итно да побараат лекарска помош, известува Би–Би–Си.
Претставниците од Нов Зеланд изјавија дека остануваат сигурни дека вакцината треба да продолжи да се користи кај нив.
Според Универзитетот Џонс Хопкинс, земјата до сега има 3.465 ковид заболени, а 26 починати. Повеќе од три милиони дози на вакцина се веќе примени, а 23 отсто од населението е целосно вакцинирано.