Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала синоќа околу два часот е регистриран во околината на Сисак, Хрватска.
Се работи за подрачјето кое изминативе месеци беше погодено од силни земјотреси. Сеизмичката активност не стивнува и натаму.
Епицентарот бил на 14 километри од Сисак на длабочина од 2 километри.