Нов земјотрес во околу 18:25 часот денеска ја погоди Хрватска. Според ЕМСЦ, јачината на земјотресот била 3,8, а епицентарот бил на 4 километри југозападно од Сисак.
Според изјавите на локалното население, земјотресот се почувствувал доста силно и траел околу десет секунди. Граѓаните известуваат дека тој се чувствувал силно во областа Сисак и Петриња, а нешто послабо во Загреб.
Некаде пред околу десетина минути е почувствуван нов потрес во Хрватска со јачина од 1,6 степени по Рихтер објави ЕМСЦ.