Замјотре со магнитуда од 3,6 степени по Рихтер во вторникот околу 15,10 часот го погоди јужниот дел од Македнија, при што е регистриран во охридското епицентрално подрачје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, откако во неделата беа регистрирани два послаби потреса во истата област.
Епицентарот на потресот е регистриран на 10 километри северно од Ресен, а на длабочина од 5 колометри.
Според досегашните податоци, земјотрес беше почувствуван во Охрид, Струга и Ресен со интензитет од V степени според Европската Макросеизмичка Скала, во Битола, Кичево и Дебар со интензитет од IV степени а во Скопје и Велес со интензитет од III степени според истата скала.
Два земјотреса беа почувствувани во неделата утрото во охридското епицентрално подрачје. Првиот земјотрес беше забележан во 2 часот со Рихтерова локална магнитуда 3,1 а вториот беше во 8 часот со Рихтерова локална магнитуда 2,5.