Во Јонското Море, на 47 километри јужно од грчкиот остров Закинтос, денеска повторно е регистриран земјотрес со јачина од 4.1 степен според Рихтеровата скала, соопштиле од Геодинамичкиот институт при Опсерваторијата во Атина.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, земјотресот се случил во 9.37 часот по локално време, со епицентар речиси на истото место, како и вчерашниот потрес со јачина од 4,6 степени според Рихтер.