Во 18,36 часот регистриран е нов земјотрес во близина на Дојран со јачина од 4 степени според Европската макросеизмичка скала.
Епицентарот на земјотресот бил регистриран на 9 километри североисточно од Стар Дојран, а на околу 144 километри југоисточно од Скопје. Тектонските поместувања се случиле на длабочина од 2 километри под земјината површина.
Утрово силен потрес беше регистриран во близина на Кукуш, а беше почувствуван во поголемиот дел од југосточна Македонија и во Бугарија.