![zemjotresskala](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/06/zemjotresskala.jpg?resize=640%2C325&ssl=1)
Во понеделникот напладне регистриран замјотерс со магнитуда од 3,7 степни, објави интеренет страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на Земјотресот е 5 километри од Ресен, односно на само 3 километри од Јанковец на длабочина од 10 километри.
Претходно во вторникот, 20 јуни, земјотрес со магнитуда од 3,6 степени по Рихтер го погоди јужниот дел од Македнија, при што е регистриран во охридското епицентрално подрачје, откако минатата недела беа регистрирани два послаби потреса во истата област.
Епицентарот на потресот и тогаш беше регистриран на 10 километри северно од Ресен, а на длабочина од 5 километри.
Два земјотреса беа почувствувани минатата недела 18 јуни утрото во охридското епицентрално подрачје. Првиот земјотрес беше забележан во 2 часот со Рихтерова локална магнитуда 3,1 а вториот беше во 8 часот со Рихтерова локална магнитуда 2,5.