Нова анкета предвидува успех на шпанските социјалисти на изборите

Шпанската социјалистичка работничка партија (PSOE), на премиерот на заминување Педро Санчез би можела на повторените избори по две седмици може да добие меѓу 133 и 150 пратеници во парламентот со 350 мандати, покажува анкетата на државниот Центар за социолошки истражувања (CIS), објавена во вторникот.

Ова е многу повеќе мандати во однос на трите анкети кои беа објавени во понеделникот кои укажуваа дека Социјалистичката работничка партија на Шпанија (PSOE) би освоила меѓу 115 и 120 мандати, далеку од неопходните 176 пратеници за самостојно формирање на владата.

Со новиот резулат PSOE би можела да формира влада со левичарската партија Обединети можеме (Unidas Podemos), или со центристичката Граѓани (Ciudadanos). На изборите во април социјалистите освоија најмноги 123 места, но не успеја да добијат поддршка од другите партии за формирање малцинска влада. Ниедна партија не можеше да обезбеди 176 глас, а поддршката на Можеме отпадна поради разијдувањата со социјалистите. Поради тоа мораше да бидат распишани четвртите предвремени избори во последните четири години.

Анкетата на CIS, чиј директор е Хозе Феликс Тезанос, поранешен член на PSOE, покажува дека Народната партија (Partido Popular) би можела да освои од 74 до 81 местио, додека трета би можела да биде Unidas Podemos со 37 до 45 места. На четвртото место би била партијата Ciudadanos со 27, до 35 места, а десната Глас (Vox) би била само петта со 14 до 21 мандат.

Претходните три анкети објавени во понеделникот покажаа, пак, пад на популарноста на PSOE, и голем скок на десните партии како Partido Popular и Vox ко би можеле да заземат второ и трето место на изборите на 10-ти ноември. Овие анкети ги спровеле Sigma Dos, од 21-ви до 25-ти октомври за дневниот весник El Mundo и институтите SocioMétrica за електронскиот дневен весник El Español, како и на институтот GAD3 направена за весникот ABC на 3.000 лица.

Трите анкети објавени во понеделникот укажуваат дека по изборите за две седмици би можело да дојде до политичка блокада, односно дека ниту левиот, ниту десниот блок нема да имаат доволно мандати за формирање влада. Блокот на левите партии би имал 159 а десниот 153 пратеници.

CIS својата анкета ја спровел на примерок од 18.000 испитаници, меѓутоа во периодот од 21-ви септември до 13-ти октомври, ден пред изрекувањето на пресудите на каталонските функционери поради организирање на референдумот за незавосност во октомври 2017 година. По пресудата избија масовни протести и безредија во Каталонија кои сѐуште траат. Покрај тоа, анкетата е спроведена и пред ексхумацијата и преселувањето на посмртните останки на диктаторот, генералот Франциско Франко, од грандиозниот мавзолеј каде почиваат сите жртви од шпанската граѓанска војна од 1930-те години, на неугледни гробишта во предградие на Мадрид. И двата настана во моментов имаат големо влијание врз емоциите во шпанското општество.

„Мислам дека Санчез и PSOE добро менаџираат и во двата случаи, дека сѐ направија коректно, Но мнозинството од населението со тоа не мора да се согласува, а многи тие настани се важни“, одовори Хулиан Сантамарија, поранешен директор на CIS во одговор за јавната телевизија TVE за веродостојната на анкетата направена пред случаите „Каталонија“ и „Франко“.И