Нова аудио бомба е објавена на социјалните мрежи Twitter и YouTube каде се пишува дека е гласот на адвокатот Васил Димишков, брат на судијката Весна Димишкова, која важи за многу блиска до Зоран Заев, како бара 6 милиони евра за бизнисмен да биде пуштен на слобода.
„Дајте 6 милиони еврa и ќе ја завршиме работа“, вели Васил Димишков.
Васил Димишков во разговорот со непознато лице вели дека ќе проба да ја намали сумата иако таа е голема.
“Тие ми рекоа (наводно се мисли на Вице Заев и наЗоран Заев) ама јас треба уште еднаш да разговарам, ќе им намалам нешто, тие многу забегаа не очекував толку многу да побараат”, вели гласот на снимката.
Коментарите на социјалните мрежи се дека ова е нова аудио бомба за мафијата. Инаку, оваа аудио бомба се поклопува со сведочењето на Ана Камчева во случајот Рекет каде посочи уште тогаш дека Камчев бил рекетиран за 6 милиони евра од Димишков.
Таа рече дека Димишков знаел дека за нејзиниот сопруг ќе има кривичен прогон и дека треба да соработува со него, бидејќи, ќе помине полесно.
„Ми рече дека сестра му Весна Димишкова е во блиски односи со обвинителката Лиле Стефанова…”, кажа сопругата на Камчев.
За слободата на Камчев, требало да бидат исплатени 2, 4 или 6 милиони евра, зависно од ситуацијата.
„Рече дека сумата е голема зашто предметот е специфичен и треба со таа сума да се пензионира сестра му. Бев вознемирена и плачев, но и изненадена што не ја знаеше крајната цена за Рекет”, кажа Камчева.
Весна Димишкова е и судијката која го замрзна имотот на ВМРО ДПМНЕ, очигледно одработена политичка нарачка. Оваа аудио бомба доаѓа ден по признанието на Бојан Јовановски осуден за рекет, дека парите завршиле кај Зоран и Вице Заеви.
Бомби Тредичи Бомби 2 https://t.co/8hU2SFbUPl
— AlibabaTredici (@AlibabaTredici) June 19, 2020
Бомби Тредичи Бомби 1 https://t.co/tXjTS9IyRG
— AlibabaTredici (@AlibabaTredici) June 19, 2020