Нова блескава партија на Јокиќ, Бостон останува перфектен, Индијана падна дома (ВИДЕО)

Никола Јокиќ не сопира со одличните игри во новата сезона во НБА лигата. Српскиот центар беше одличен и го предводеше Денвер нагетс до победа над Чикаго од 123:101. Незадржливиот Јокиќ мечот го заврши со 28 поени, 16 скока, девет асистенции и три украдени топки. Како и на претходниот дуел, така и сега на Јокиќ му недостасуваше само едно додавање за да комплетира трипл-дабл.

Чикаго одлично парираше во првото полувреме кога гостите на пауза заминаа и со предност од 53:51, но Денвер се „разбуди“ во третата четвртина. Домаќините започнаа со серија од 8:0 и го превземаа водството со 59:51, за да неколку минути подоцна домаќините имаа предност од убедливи 18 поени разлика (77:59) и тогаш беше јасно кој ќе победи.

Бостон селтик останува единствениот непоразен тим сезонава. Во петиот меч, Бостон се израдува по петти пат, откако на гости го победи Бруклин со 124:114. Џејсон Татум беше предводник на победничкиот тим и на крајот заврши со 32 поени и 11 скока.

Највозбудливо беше во Индијана каде домашнио титм загуби од Шарлот со 124:125. Домаќините има за што да жалат бидеји на 30 секунди до крајот имаа слободно фрлање кое не го погодија за израмнување, а потоа имаа уште еден напад за победа, но воопшто не успеаа да упатат ниту удар, па 16.000 домашни навивачи останаа разочарани.

Резултати од мечевите кои се играа ноќеска: Индијана – Шарлот 124:125, Њу Орлеанс – Атланта 105:123, Орландо – ЛА лејкерс 120:101, Бруклин – Бостон 114:124, Хјустон – Сакраменто 107:89, Минесота – Јута 123:95 и Денвер – Чикаго 123:101.