Нова демократија: Ципрас има авторитарен пристап

Нова демократија, најголемата грчка опозициска партија го обвини премиерот Алексис Ципрас дека има авторитарен пристап, откако тој одби да се сретне со опозицискиот лидер Вангелис Меимаракис, во неговиот обид да формира влада и да се избегнат предвремени избори.

Средбите на политичките лидери во рамките на прелиминарни мандати се институционални и уставни и имаат за цел, меѓу другото, намалување на политичките тензии. Тие не се пријателски средби, се вели во соопштение на конзервативната партија.

Веќе неколку месеци, господинот Ципрас се однесува со авторитарен пристап. Тој одлучува сам за многу сериозни прашања за иднината на земјата, и кога ги сфаќа негативните ефекти на неговите чекори, се претставува како жртва на уцена, се додава во документот.

Веќе неколку месеци, господинот Ципрас се однесува со авторитарен пристап. Тој одлучува сам за многу сериозни прашања за иднината на земјата, реагираат од Нова демокртија
Веќе неколку месеци, господинот Ципрас се однесува со авторитарен пристап. Тој одлучува сам за многу сериозни прашања за иднината на земјата, реагираат од Нова демокртија

Нова демократија смета дека напорите за подобра иднина бараат дијалог, консензус и пошироки коалиции меѓу политичките сили и тоа е причината зошто партискиот лидер Меимаракис сакал да се сретне Ципрас. Премиерот одговори дека „не сака да го види“.

Пасок: Грчките граѓани ќе плаќаат „Ципра“ данок

Пасок: Грчките граѓани ќе плаќаат „Ципра“ данок
Пасок: Грчките граѓани ќе плаќаат „Ципра“ данок

Грчките граѓани ќе платат специјален данок и токму затоа Владата брза со изборите, изјави лидерката на опозициската ПАСОК Фофи Генимата за телевизијата Мега.

Таа рече дека премиерот Алексис Ципрас одлучил да спроведе избори пред грчкиот народ да сфати што всушност вклучува договорот со кредиторите.

Спорд Генимата, граѓаните ќе мора да платат 14 милијарди евра како резултат на грешките на Ципрас и безусловниот договор што го потпишал.