![h](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/11/h.jpg?resize=540%2C360&ssl=1)
Од неодамна во Хрватска се достапни нови дијагностички постапки и „паметни“ медикаменти за лекување рак на бели дробови, кои овозможуваат персонализиран пристап и поголеми шанси за преживување, истакнато е денеска во Загреб по повод Месецот на борба против рак на белите дробови.
Покрај хемотерапија, која досега била најчест облик на терапија за рак на белите дробови, на пациентите во Хрватска сега им е овозможена и целна терапија со „паметни“ лекови, кои обезбедуваат целно лекување, а на здравствениот систем заштеда, бидејќи се применува вистинскиот лек за пациентот.
Според податоците на Регистарот за рак, во Хрватска во 2011 година дијагностицирани се 2.920 новозаболени лица од рак на бели дробови, од кои 768 жени и 2.152 мажи.
Најновите методи, сепак, даваат надеж дека и ракот на белите дробови, благодарејќи на целната терапија, во иднина ќе стане хронична болест, како ракот на дојката, кој веќе долги години се лекува со целни медикаменти.
Најголеми новини во лекувањето донело дијагностичкото молекуларно тестирање кое се врши во клиничките центри во Загреб, Сплит и Риека, а со него се утврдува генетската мутација, односно типот на карцином, и се одредува индивидуално приспособена терапија.