
Уште една група американски конгресмени ќе допатуваат на Тајван во четвртокот вечерта, извести официјалната тајванска новинска агенција, што е третата таква посета во само еден месец и покрај протестите од Кина дека со тоа се крши договорот меѓу Пекинг и Вашингтон за „една Кина“, односно дека се нарушува кинескиот суверенитет и територијален интегритет на островот.
Пекинг, кој го смета Тајван за своја одметната покраина, започна на почетокот од месецот големи воени вежби со гаѓања со боева муниција и лансирање балистички проектили околу островот по посетата на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси на Тајпеј, што беше прва тава посета од која Вашингтон се воздржуваше повеќе од 25 години за да не се провоцира Пекинг.
Следната седмица уште пет американски конгресмени допатува на Тајван
Агенцијата CNA во четвртокот само објави дека американскиот пратеници кои доаѓаат во посета со американски воен авион на аеродромот Сонгшан во центарот на Тајпеј и дека во петокот ќе се сретнат со тајванската претседателка Цаи Инг-вен.
Посетата на Пелоси ја разгневи Кина којашто првпат одговори со лансирање на 11 балистички проектили над Тајван и кои паднаа во ексклузивната економска поморска зона на Јапонија и со прекин на дијалогот со САД за некои клучни глобални прашања.
САД, според нивниот договор со Кина, немаат дипломатски односи со Тајван кој не е меѓународно признаена држава, но имаат закон со кој администрацијата е обврзана финансиски и материјално да ја помага одбраната на островот. Кина, пак, никогаш не исклучи употреба на сила за да го врати Тајван под своја контрола. Тајванската влада, пак, вели дека Кина никогаш не го владеела островот, всушност тој до крајот на Втората светска војна и кинеската граѓанска војна бил под окупација на Јапонија, и поради тоа немала права на островот и оти само 23-те милиони „Тајванци“ може да одлучат за својата иднина.